Папата подготвен да оди во Ирак ако е неопходно

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо, изразил подготвеност да отпатува во Ирак и да им даде поддршка на христијанските бегалци и бегалците од друга вероисповест во ирачкиот дел на Курдистан, доколку тоа е неопходно, пренесуваат денеска италијанските медиуми.

„На есполагање сум да одам во Ирак ако е потребно, иако мислам дека во овој момент тоа не е најдобрата работа“, изјави папата по враќањето од петдневната посета на ЈУжна Кореја.

Папата реагираше и на американските воздушни напади врз сунитските екстремисти на Исламската држава, оценувајќи дека „доколку поистои неправедна агресија тогаш е дозволено таа да се запре“.

„Меѓутоа го нагласувам граголот „запре“, а не велам да се бомбардира или да се води војна“, рече папата Фрањо, додавајќи дека една нација не може сама да ја сопре неправедната агресија.

„По Втората светска војна ги основавме Обединетите Нации и таму треба да се каже дека постои неправеден агресор и да се договори како тој да се сопре. Во Ирак се угнетувани сите луѓе од сите религии еднакви пред Бога“, додаде папата Фрањо.