Папата попопуларен од Обама и Путин

Папата Франциско е најпопуларната „политичка“ личност на пребарувачите како што е „Гугл“ во период од март и декември 2013-та година, се наведува во студијата која ја објавила католичката информативна интернет страница „Алтеиа“.

Папата е на врвот на месечните резултати во пребарувањата на „Гугл“, со околу 1,7 милиони, а неговото име е наведено 49 милиони пати, се наведува во студијата.

Меѓу политичките личности, папата е пред американскиот претседател, Барак Обама со 1,5 милиони резултати од пребарувања и 38 милиони цитати, и рускиот претседател Владимир Путин со 246.000 резултати од пребарувањето и осум милиони цитати.

Доколку се додадат личностите од спортот и шоу- бизнисот, папата е на трето место по популарност, зад групата One direction и пејачот Џастин Бибер, двата идоли на тинејџерите.