Папата посака мир во светот

Папата Фанциско во новогодишното обраќање им посака на илјадници верници и туристи на Плоштадот свети Петар во Ватикан, мир во светот, објави МИА.

Поглаварот на Католичката црква изрази „желба никогаш повеќе да нема војни“.

– Мирот е секогаш можен. Мораме да работиме за тоа, нагласи папата.

Пред обраќањето папата одржа миса во Бализиката „Свети Петар“ при што се молеше за благослов за „целото човеково семејство“ и побара од Бога да ни даде „мир во срцата, мир во семејството и мир меѓу народите“.