Папата пристигна во Албанија

Папата Франциско денеска пристигна во Албанија, што претставува негова прва посета на земја во Европа каде католиците се малцинство.

Во девет часот утрово Папата пристигна на тиранскиот аердором „Мајка Тереза“, каде беше пречекан од премиерот Еди Рама и високи претставници на католичката црква на Албанија.

Во единаесет часот ќе одржи свечена миса на плоштадот „Мајка Тереза“ на која ќе учествуваат и двајца кардинали, 18 епископи, 240 свештеници, 10 семинаристи и четворица ѓакони.

Посетата на Папата ќе заврши денеска во 20 часот.

Мобилизирани се околу 2.500 полицајци, кои ќе се грижат за добро одвивање на посетата под драконски безбедносни мерки.

Амбасадорот на Ирак во Ватикан, предупреди дека 77-годишниот Папа би можело да се најде во опасност од членовите на исламските земји, бидејќи Светата Столица ги поддржа американските воздушни напади врз милитантните цели во Ирак, што е редок исклучок во неговата мирољубива политика за решавање на конфликти.