Папата се моли за Украина

Папата Франциско се помоли за прекин на насилството во Киев, повикувајќи на дијалог меѓу Владата на Украина и опозицијата, поради стравувањата дека протестите можат да се претворат во граѓански конфликт, пренесува „Франс прес“.

„Се надевам на конструктивен дијалог меѓу институциите и граѓанското општество и без прибегнување кон насилство, духот на мирот и побарувачката на општото добро да може да биде задоволено во срцата на сите“, рекол Папата пред насобраната толпа на плоштадот „Свети Петар“ за време на неделната молитва.

„Јас сум со Украина во моите молитви, особено со оние кои ги загубија своите животи и нивните семејства“, додал тој.