Папата создава комисија против сексуална злоупотреба во црквата

Папата Францис ќе формира специјална комисија, што ќе се бори против сексуалната злоупотреба над децата во католичката црква, пренесува „Би-Би-Си“.

„Светиот отец одлучил да формира комитет за заштита на децата“, изјави за новинарите архиепископот на Бостон, кардиналот Шон О’Мали.

Ватикан ги објави плановите да формира комисија што ќе излезе со агенда за заштита на децата од сексуална злоупотреба во католичката црква. Исто така е неопходно да се разгледаат начините за помагање на настраданите.

О’Мали рече дека комисијата ќе го испита проблемот со сексуалните напади врз деца во Католичката црква и ќе понуди конкретни препораки за подобрување на заштитата на децата и помош на жртвите.

Пред неколку дена се разяви скандал за сексуални злоупотреби од страна на монаси и свештеници, за кои Ватикан одби да даде информации.

Претходно оваа недела Папата изрази сочувство за многубројните жртви на сексуално малтретирање од страна на свештеници во целиот свет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.