Папата во посета на Сараево во јуни

Папата Франциско во официјална посета на Босна и Херцеговина ќе биде на 21-ви јуни оваа година, јавува босанската Федерална телевизија.

Претседателството на Босна и Херцеговина упатило официјален повик до папата, а доаѓањето на поглаварот на Римокатоличката црква е планирано за 21-ви јуни оваа година.

Папата, според Федералната телевизија, ќе биде во еднодневна посета на Сараево, по повод 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна, со цел да испрати порака за мир.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.