Папис Сисе ќе се “лади” седум натпревари

Напаѓачот на Њукасл, Папис Сисе заработи долга суспензија која ќе трае дури седум меча.

Дисциплинската комисија му изрече казна поради плукањето на Џони Еванс на дуелот против Манчестер Јунајтед, па така Сенегалецот кој постигна 11 погодоци сезонава ќе мора да паузира неколку седмици.

Постапка ќе има и против Еванс, кој пак тврди дека не го плукнал Сисе, иако на снимките се гледа сосем спротивното. Дали стоперот на Јунајтед ќе заработи казна и колкава ќе биде ќе одлучи ФА.