Свет

Папите Јован Дваесет и трети и Јован Павле Втори ќе бидат прогласени за светци

Папите Јован Дваесет и трети и Јован Павле Втори ќе бидат прогласени за светци

Денеска е канонизацијата на папите Јован Дваесет и трети и на Јован Павле Втори.

Папите Јован Павле Втори (Карол Војтила) и Јован Дваесет и трети (Анџело Џузепе Ронкали) беа на чело на Римокатоличката црква меѓу 1978 и 2005, односно 1962 и 1965 година.

Јован Павле Втори, прв полски папа, кој уживаше голема популарност во целиот свет, ќе биде прогласен за светец во рекордно време, само девет години по смртта.

Ватиканската конгрегација задолжена за преиспитување на кандидатите за светци лани го призна второто чудо на Јован Павле Втори.

За да некој биде прогласен за светец, мора да има две „потврдени“ чуда, од кои првото е неопходно за беатификација.