Папуљас и Бан Ки Мун разговарале за проблемот со името

Грчките власи не пропуштаат можност да зборуваат за своите ставови во врска со името на Македонија, па така ова прашање било на дневен ред и за време на отворањето на Олимписките игри во Сочи, јави МИА.

Имено, на маргините на отворањето, грчкиот претседател Каролос Папуљас се сретнал со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун со кого разговарал за кипарското прашање и проблемот што Грција го има со нашето уставно име.

Според грчката државна новинска агенција, Папуљас ја истакнал потребата од успешен исход од последната рунда преговори за да се најде суштинско решение за проблемот.