Пар отиде пеш до Индија

Пар отиде пеш до Индија
Пар отиде пеш до Индија

Млад пар отиде пеш до Индија. Двојката од Бугарија тргнале од матичната земја пеш и стасале се до Индија, оставајќи ги дома своите мобилни телефони.

Борис Канев (25) и Марта Мартинес Самалеа (31) по потекло од Шпанија, тргнаа на пат кој траел 511 дена. Тие не сакаа да користат авион и секаде одеа пеш, поминаа низ Турција, Курдистан и Иран, Кина и Бурма, се до Индија.

– Тоа што навистина го сакавме е да одиме на авантура со велосипед или возејќи се со комбе. Но, ние едноставно сакаме да пешачиме и тоа беше одличен начин да запознаеме нови луѓе и да слушнеме нови приказни, раскажа Марта.

Тие од Софија заминаа еден дождлив октомври попладне и тргнаа за Турција каде поминале цела зима. На пролет продолжија за Блискиот Исток и потоа за Кина, да на крајот стигнат во Индија.

Оваа двојка 22 месеци поминала на пат, а освен мапа со себе носеле и едно маче кое го најдоа на пат. Нивниот пат го документирале на Фејсбук, каде на нивната страница може да се видат неверојатни фотографии од патувањата.

Тие се уште се во Индија и се надеваат дека ќе се вратат дома до Божик. Во моментот пишуваат книга за своите патувања и се надеваат дека ќе успеат во нивниот потфат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.