Парада на гордоста денеска во Белград

Илјадници српски полицајци денеска се распоредени околу главниот плоштад во на Белград, каде се одржува геј парада – Парадата на гордоста, поради опасност од напад на екстремисти.

Парадата оваа година се одржува под мотото: Љубовта го менува светот.

Хеликоптери кружат над центарот на градот, кој утринава беше отцепен поради движењето, часови пред планираниот почеток на манифестацијата.

Српските власти откажаа неколку геј паради во Белград поради масовните судири со екстремисти во 2010 година кога над 100 полицајци и екстремисти беа ранети.