Параден концерт на Градскиот дувачки оркестар

Градскиот дувачки оркестар ќе одржи параден концерт  со  „чекорници“, движејќи се во централното градско подрачје, односно од Музеј на град Скопје до паркот Жена Борец .

Настанот ќе се одржи во недела со почеток од 11 часот, а се планира членовите на оркестарот да ги изведат делата: Патриотска чекорница,Вашингтон пост марш, 3.Македонска бригада, Младинска чекорница, Вардаре македонски, Огномет на слободата,Во спомен на Ваташа, За сите деца, Дикси парада,Работнички.

Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје,  составен е од членови главно професионални музичари и од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а нивните досегашни настапи им даваа свечена нота на речиси сите државни празници и значајни манифестации.