Параглајдер со развиорено македонско знаме над Владата (ВИДЕО)

Параглајдер со македонското знаме кружеше над Владата на Република Македонија, за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Повеќе од 150.000 граѓани веќе 22 дена се на улиците низ Македонија, протестирајќи мирно за зачувување на унитарноста на земјава и неприфаќање на Тиранската платформа.