Параглајдерист смртно настрада кај Прилеп

Четириесетгодишниот параглајдерист од Словачка, во понеделникот попладнето летајќи со параглајдер од Мечкин Камен крај Крушево, паднал и починал.

Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт. Засега не се познати приините за несреќата на Словакот.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.