Двајца параглајдеристи се здобија со тешки телесни повреди

Двајца параглајдеристи вчера се здобиле со тешки телесни повреди. Како што информираат од МВР, станува збор за два одвоени несреќни случаи кои биле пријавени во текот на вчерашниот ден.

Двајца параглајдеристи во два одвоени случаи се здобија со тешки телесни повреди

Двајца параглајдеристи кои се здобиле со тешки телесни повреди  се згрижени во Клиничкиот центар во Скопје.

Првиот случај бил пријавен околу 14,30 часот. Во буковата шума на местото викано Лимо Нивје во близина на Мечкин Камен од страна на лицето А.С. од Финска кој е инструктор за летање, бил пронајдено лицето Н.Т.К. исто така од Финска кој околу 10 часот полетал со параглајдер од полетиштето на Мечкин Камен.

Околу 11 часот било забележено дека го нема. При падот лицето се здобило со повреди на рбетниот столб и истиот со хеликоптер на МВР е префрлено во клинички центар – Скопје.

Двајца параглајдеристи во два одвоени случаи се здобија со тешки телесни повреди
Двајца параглајдеристи во два одвоени случаи се здобија со тешки телесни повреди

Од страна на униформирани полициски службеници местото на несреќата било обезбедено, бил известен надлежниот јавен обвинител по што бил извршен увид на лице место од страна на јавен обвинител и увидна екипа.

Во вториот случај пак околу 11,50 часот во село Горно Нерези-Скопје, спортувајќи со параглајдер од падините на Водно, поточно од кај Крстот, на местото викано “Пресинец“ на 8-10 метри во воздух, Ф.Ш. државјанин на Германија, изгубил контрола и почнал брзо да паѓа.

Истиот бил пренесен во Ургентен центар за укажување на лекарска помош, каде од страна на доктор му е констатирана тешка телесна повреда во пределот на рбетот и истиот е задржан на лекување во КАРИЛ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.