Парчиња облека што секоја бизнис жена мора да ги има

Совршени панталони

biznis-obleka-3

Можеби и вам ви се случило претходната вечер да подготвите фустан и чевли со високи потпетици но наутро удобните пантолони да ви изгледаат многу подобро. Можеби ќе ви биде потребно да ги најдете оние пантолони што ќе бидат совршени за вас, но вреди да потрошите пари на ова парче облека.

Добро сако

biznis-obleka-4

Иако сакоата се секогаш добра опција, обидете се со вакво парче облека што ќе ги натера вашите колеги да се потрудат повеќе. Изберете сако во некоја интересна боја што ќе се истакне над еднобојните блузи и ќе ја нагласи вашата силуета.

Секојдневен накит

biznis-obleka-5

Во оние денови кога немате доволно време наутро, потребен ви е секојдневен накит што одговара на било која облека. Добро е да имате мала кутија со вашиот омилен накит што нема да се истакнува премногу, но ќе светне.

Бела свилена кошула

biznis-obleka-6

Белата свилена кошула секогаш ќе биде тука за вас. Можете да ја комбинирате со здолниште, пантолони или дури и со фармерки (ако имате доволно среќа па смеете да носите фармерки на работното место). Белата боја одговара со сите други бои, но внимавајте кога го пиете утринското кафе!

Голем часовник

Не само што часовниците се сосема убав детал, туку и ви овозможуваат колку време поминало додека траат долгите и напорни состаноци, без да мора постојано да го извлекувате телефонот.