Парфем со мирисот на парите на Бил Гејтс

Најбогатиот човек на светот Бил Гејтс го зголеми својот удел во капиталот на швајцарската фирма „Живодан“ најголем светски производител на ароми и парфеми, на скоро 14 отсто, соопштија од компанијата.

Основачот на Мајкрософт во иднина ќе биде сопственик на 13,86 отсто на акциите од „Живодан“ (Givaudan), наместо досегашните 10,29 отсто стои во соопштението што го пренесеа швајцарскиот весник 24 часа.

Како што е наведено, Бил Гејтс во оваа женевска компанија, која го должи своето име на основачот Ксавиер Живодан, влегол во 2011 со учество од 3,3 проценти и од тогаш постојано расте.