Магазин

Парфемите „A way“ на Trussardi, наменети за луѓето кои бараат нови хоризонти

Парфемите „A way“ на Trussardi, наменети за луѓето кои бараат нови хоризонти

За оние кои копнеат по нови хоризонти и нови откритија, Trussardi создаде два нови мириси, еден за неа и еден за него. Двата парфеми на Trussardi на некој начин го опишуваат бескрајното патување, бегството и потрагата по себе.

trussardi_a_wayИталијанскиот бренд Trussardi годинава гo лансираше мирисниот пар A Way for Her и A Way for Him, парфеми посветени на луѓето „кои бараат нови хоризонти“.

Парфемот за жени A Way for her е овошно цветен парфем. Во високите мирисни ноти се вклучени бергамот, бел чај, праска, плумерија, тубероза и јасмин, а во основата се амроксан, ветивер, мошус, сандалово дрво и ванила.

Машката верзија А Way for him e динамичен, мажествен, привлечен парфем во кој се мешаат дрвенести и ориентални овошни мириси. Во високите тонови се нагласуваат мирисите на бергамот, лимон и грејпфрут. Во срцето на овој мошне примамлив, шармантен и харизматичен парфем опфатени се мириси на сончеви акорди, мирис на морски воздух и зелено јаболко, а во основата се наоѓаат пачули, ванила и цветно дрво.

Парфемите се достапни во амбалажа од 30, 50 и 100 мл.