Со пари од ЕУ ќе се унапредува водоводниот систем во Гевгелија

гевгелија

Вкупната вредност на проектот е 1,7 милиони евра, а целта е подобрување на квалитетот на водата за пиење за жителите на Гевгелија и Богданци.

Планирана е изградба на четири бунари, пумпи, станици за хлорирање и водоводна мрежа и резервоар со капацитетот од 1000 метри кубни.

Ова е дел од кампањата „ЕУ за вас“.

Вкупната помош за оваа намена од ЕУ е 80 милиони евра како дел од ЕУ ИПА програмата (2007-2013), што треба да биде дополнета со уште 100 милиони евра планирани со ИПА2.