Парична казна од 150.000 евра за „Гугл“ во Франција

Парична казна од 150.000 евра заработи „Гугл“ во Франција, пренесе „АФП“. Како причина се наведува тоа што корисниците не биле известени, дека нивните лични податоци се собираат и обработуваат од страна на компанијата во последните две години.

Во последните неколку години „Гугл“ имаше судски спор со и француски издавачи поради иницијативата за дигитализација на книги.