понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 52

Паричнa наградa за сезонските работници кои помагаа по поплавите во Аеродром

Општина Аеродром ќе им исплати еднократен паричен износ во висина од по 5.000 денари на сите ангажирани сезонски работници, кои деноноќно им помагаа на граѓаните во расчистување на последиците од поплавите.

aerodrom-sezonci-640x360

Поврзани вести

Општина Аеродром ќе им исплати еднократен паричен износ во висина од по 5.000 денари на сите ангажирани сезонски работници, кои деноноќно им помагаа на граѓаните во расчистување на последиците од поплавите на територијата на општина Аеродром, но и во Стајковци и другите поплавени региони.

Општината деновиве донесе одлука за исплата на еднократен паричен износ за сезонските работници во општината за нивниот дополнителен ангажман за санирање на последиците од неодамнешната катастрофална поплава.

Инаку, првиот ден по поплавата општина Аеродром донираше три милиони денари за санирање на последиците од елементарната незгода на подрачјето на Општина Гази Баба.

Најчитани вести