Парис ја започна новата година „со стил“

Парис Хилтон одлучи новата година да ја започне „со стил“ и малку послободно. На социјалните мрежи таа покажа како изгледа додека се подготвува за добра забава.

pariz_2Парис по фотографирањето облече црн краток фустан и замина да се забавува заедно со нејзината сестра Ники Хилтон, која годинава ќе биде специјален гостин во американското шоу „Големиот брат“, а Париц цело време ќе биде нејзина најголема поддршка.

Познатата џетсетерка минатото лето работеше како Ди Џеј на специјалните забави на Ибица, но сето тоа беше краткотрајно. Како што изјави, таа има сериозна кариера, а музиката и забавите се само забавен начин да заработи дополнителни пари.