Парите од социјалните придонеси на хонорарците се за поголеми пензии и поефикасно здравство

Не сум рамнодушен на протестите поврзани околу законските измени за хонорарците и се обидувам да извлечам аргументи од сето тоа. Аргументот од типот не ни треба ова, не е аргумент, бидејќи тоа го има насекаде. Плаќање придонеси на хонорарите имаме во 95 отсто од земјите во Европа, истакна премиерот Никола Груевски при гостувањето во вестите на Канал5.

– Оваа мерка ја има секаде во Европа и со неа се спречуваат дел од работодавците да избегнуваат создавање на работен однос на многу луѓе кои се ангажирани хонорарно се со цел да се избенге плаќањето на пензиско и здравствено осигурување, рече Груевски кој додаде дека со оваа мерка ќе им се помогне на оние луѓе кои работат со години, а немаат ниту еден работен стаж.

Тој потенцира дека станува збор за придонеси кои ќе одат во пензискиот фонд. Хонорарците ќе имаат пензија, а дел од придонесите ќе одат во фондот за здравство и ќе бидат искористени за подобрување на здравствениот систем. Воедно нагласи дека процентот на пензиско и здравствено осигурување во земјава изнесува 27 , што е меѓу најниските во Европа.