Париз бара продолжување на вонредната состојба

Владата на Франција ќе му предложи на Парламентот да ја проодлжи вонредната состојба во земјата за уште два месеци – до крајот на јули, најави денеска француксиот премиер Мануел Валс.

Вонредната состојба во Франција беше воведена по нападите во Париз во ноември минатата година, по што во февруари годинава таа беше продолжена до 26 мај, пренесува МИА.

Сега, Валс најави дека Владата ќе предложи нејзино продолжување за уште два месеци, со цел да биде офатен и периодот на одржување на Европското фудбалско првенство, чиј домаќин ќе биде Франција од 10 јуни до 10 јули.

Валс најави дека во текот на денот, министертот за внатрешни работи Бернар Казнев и официјално ќе го објави предлог-законот за продолжување на вонредната состојба.