Пaриз: Евакуирана железничка станица поради сомнителен пакет

Железничката станица Гар ду Нор во Париз, која е една од најголемите во Париз е евакуирана откако бил пронајден сомнителен пакет, јавуваат француските медиуми.

Како што се наведува, во моментов се откажани сите доаѓања и поаѓања на возовите, а полицијата го блокирала пристапот до станицата.

Сообраќајот на станицата е блокиран неколку часа откако во Брисел беа изведени координираните бомбашки напади, кои однесоа најмалку 34 животи.

Француските власти го засилија нивото на алертност, а околу 1.600 полицајци се испратени на граничните пунктови и на клучните точки во земјата.