Париз бара Грција да даде нови предлози

Министерска средба на коалицијата против ИД во Париз
Министерска средба на коалицијата против ИД во Париз

Во пресрет на вечершната средба на францускиот претесдател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел во Елисејската палата, на која треба да бидат усогласени ставовите меѓу Париз и Берлин пред утрешниот вонреден самит на еврозоната, француската Влада упати спирувачки пораки, јави дописникот на МИА од Париз.

Францускиот министер за финансии Мишел Сапан изутринава во изјава за радиото Еуроп 1 оцени дека сега „грчката Влада е таа која треба да дава предлози“. – Тешкотиите се пред се во Грција, Европа ќе се заштити, нагалси Сапан.

Тој ја повика Европската централна банка да ја задржи мерката за ургентна помош во готовина, потстетувајќи на нејзината независност, бидејќи ако Банката од Франкфурт ја „затвори салвината“ за грчките банки, Грција ќе се најде во ситуација на недостиг на евра и ќе мора да издаде паралелна монета.

Портпаролот на француската влада, Стефан Ле Фол, изразувајќи смиреност за ризиците за француските финансии во новата ситуација, смета дека топката сега е во рацете на Атина.

– Секој сега треба да ја преземе одговорноста, а посебно грчката Влада, багласи Фол.

Првиот секретар на француската владејачка Социјалистичка партија Жан-Кристоф Камбаделис не сака Грција да излезе од еврото и се заложи за продолжување на преговрите.

Францускиот министерот за економија Емануел Макрон пак му одговри на поранешниот премиер Алан Жипе дека воопшто не го дели неговото мислење за излез на Грција од еврозоната.

Жипе денеска преку својот блог ја повика ЕУ да подготви терен за излез на Грција од еврозанта, без драматизирање на состојбите.