Париз кандидат за домаќин на ЛОИ 2024

Главниот град на Франција, Париз ќе поднесе кандидатура за домаќин на Летните Олимписки игри за 2024 година.-Отсега натаму ние сме ангажирани во олимписката авантура, рече градоначалникот на Париз, Ана Хидалго, додавајќи дека наскоро ќе биде поднесена и официјалната кандидатура од страна на Олимписки комитет на Франција.

Според резултатите на наодамнешната анкета, дури 61 %  од испитаниците истакнале дека посакуваат градот да испрати кандидатура за домаќин. Во претходните анкети овој процент бил уште поизразен, во февруари 2005-та година со 71%, додека во јуни истата година дури 87% од испитаниците посакувале ОИ во Париз.

Овој град веќе двапати беше домаќин на ЛОИ, во 1900-та и 1924-та година. Покрај тоа, имаат уште три неуспешни обиди, во 1992-та, 2000-та и 2012-та година.

За ЛОИ 2024 кандидатури ќе поднесат и Бостон (САД), Рим (Италија), Хамбург и Берлин (Германија), Истанбул (Турција), па има најави дека и Јужна Африка ќе испрати свој град-кандидат.

Одлуката за тоа кој ќе биде домаќин на ЛОИ 2024-та година ќе се одлучи на седница на Собранието на Меѓународниот Олимписки комитет, кој ќе се одржи летото 2017-та година.