Париз: На „Денот на бесот“ 150 уапсени и 19 повредени полицајци

Протестот на илјадници Французи против претседателот Франсоа Оланд заврши со судир меѓу полицијата и демонстрантите, по што се уапсени 150 лица, а се повредени 19 полицајци.

Силите за безбедност употребиле солзавец за да ги растераат младитедемонстранти кои фрлале со шишиња, петарди, шипки и канти кон полицајците.

Според полициски извори, можно е еден полицаец да е потешко повреден.

Министерот за внатрешни работи, Мануел Валс, ги осудил насилствата на „поединцитe од различните групи на  екстремисти и ултрадесничари, чија цел била да предизвикаат немири“.