Париз: Од такси украден накит вреден 5, 4 милиони долари

Тројца засега непознати крадци од една колекционерка на уметнички дела од Тајван, украле накит на „Шанел“ вреден 5,4 милиони долари.

Грабежот се случил во тунелoт меѓу Париз и аеродромот „Шарл де Гол“, додека Тајванката патувала со такси. Крадците искршиле еден од прозорците на таксито и од возилото ја однеле торбата во која бил накитот.

Тајванката изјави дека накитот требало да биде презентиран на изложба во Музејот на современа уметност во Париз, но музејското раководтсво го негираше таквото тврдење.

Полицијата соопшти дека засега не е познато дали крадците знаеле за вредниот накит или случајно им се „посреќило“, имајќи предвид дека кражбите не се ретка појава во овој тунел.

Во истиот тунел беше ограбена и ќерката на градоначалникот на Киев, која беше „олеснета“ за накит вреден 4,5 милиони евра, а таму лани во август од еден саудиски принц беа украдени 250.000 евра.