Свет

франција се подготвува за брегзитот Париз за неколку години би можел да стане најважниот финансиски центар во Европа

Париз за неколку години би можел да стане најважниот финансиски центар во Европа

Француската престолнина Париз за неколку години би можел да го надмине Лондон и да стане најважниот финансиски центар во Европа, тврди францускиот министер за финансии Бруно Л’Мер, иако сигналите дека Велика Британија и по излегувањето од Европската унија ќе ги задржи релативно цврстите врски со ЕУ засега го запираат масовното преселување на банкарските дејности во континенталниот дел од Европа.

Во разговрот за агенцијата Reuters на Светскиот економски форум во Давос, францускиот министер за финансии Бруно Л’Мер ја истакнува предноста од преселувањето на активностите во Франција, издвојувајќи ја силната регулаторна рамка, реформите на претседателот Емануел Макрон насочени на подобрување на деловната атмосфера и Париз како примамливо место за живеење.

„Имаме многи силна регулаторна рамак. Исто така, ги преземавме потребните чекори за да бидеме поатрактивни за другите финансиски институции од целиот свет. Затоа мислам дека имаме најдобри шанси утре да станеме европски финансиски центар. Не доминантен, туку најважен центар“, истакнува Л’Мер.

„По Брегзитот ќе се појават нови лидери. Гледам можност Франција следните години да стане најважниот финансиски центар во Европа, а Велика Британија е во Европа“, додава францускиот министер за финансии.

Париз, заедно со германски Франкфурт, ирски Даблин и холандски Амстердам, ја сочинуваат групата градови во Европа кои сакаат да ги привлечат делувањата на банките од лондонски Сити, заинтересирани за зачувување на седиштата на единствениот европски пазар по излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ во март 2019 година. Засега се чини дека оваа година ќе се преселат само мал број дејности, имајќи предвид дека позначителниот прилив на банкарите го кочат сигналите дека Британија ќе зачува релативно цврсти врски со ЕУ.

Во септември минатата 2017 година истражувањето на Reuters, коешто опфаќаше 123 компании, покажа дека доколку на Британија ѝ биде ускратени пристапот до заедничкиот европски пазар во следните неколку години од земјата ќе бидат преселени или во странство ќе бидат креирани околу 10.000 работни места во финансискиот сектор. Тоа е во соглсност со процената на британската централна банка, иако изминатите месеци поедини банкари споменаа дека бројката би можела да биде чувствително помала.

Во споменатото истражување на Reuters, Франкфурт ја освои позицијата на најпопуларна дестинација за новите работни места, додека Париз го зазема второто место. Ланскиот ноември, пак, на француската престолнина силна поткрепа ѝ даде одлуката на Европската унија со којашто е прогласена за ново седиште на Европската агенција за банки (EBA).

Воедно, новата влада на Франција покрена силна лобистичка кампања за да ги привлече банките од Лондон. Така, францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот, ден пред почетокот на форумот во Давос, во дворецот Версај беше домаќин на високопозиционирани банкари и деловни луѓе, за да им ги презентира предностите на Париз. Меѓу гостите беа извршниот директор на „Goldman Sachs“, Лојд Бланкфејн, и Џејми Димон, челникот на „J.P. Morgan“.

Во Давос, пак, банкарите покажаа воздржаност, истакнувајќи дека привлечноста на главниот град на Фанција ја нарушуваат крутите закони за труд и релативно високите корпоративни даноци.

„Пред да донесеме каква и да е одлука, сакаме да знаеме дали реформите кои Макрон ги најави ќе остават траги“, рекол неименуван американски банкар за Reuters.

Францускиот министер за финансии се осврнува во разговорот за Reuters и на американската даночна реформа и на намалувањето на данокот на добивка, истакнувајќи дека би било погрешно кога европските земји би возвратиле со иста мерка.

„Тоа не би бил добар одговор. Добар одговор би бил даночно усогласување во Европската унија и еропските земји членки, особено меѓу 19-те земји членки на еврозоната“, смета Л’Мер.