среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 33

Париз: Заложничка криза или закани од бомбаш самоубиец во училиште?

На интернет се појавија информации за заложничка драма и закана од страна на бомбаш самоубиец во училиште во Енгиен Лес Бен, предградие во северен Париз. Наводно на местото на настанот се распоредени и француските единици за борба со тероризмот, јавува „Раша Тудеј“.

policija-pariz-1

Поврзани вести

На интернет се појавија информации за заложничка драма и закана од страна на бомбаш самоубиец во училиште во Енгиен Лес Бен, предградие во северен Париз. Наводно на местото на настанот се распоредени и француските единици за борба со тероризмот, јавува „Раша Тудеј“.

На социјалните мрежи веќе се појавија фотографии на кои што се забележува засиленото присуство на полицијата и одбележувањето на безбедносниот периметар.

pariz-zalozznici

Една жена што живее во предградието напиша на Твитер:

Кога твојата ќерка ќе ти каже дека има заложничка криза во нејзиното училиште, со интервенција на специјалците. (Quand ta fille t’appelle pour te dire qu’il h a une prise d’otage dans son lycée avec intervention du raid #gustavemonod#enghienlesbains)

Жената додала дека ситуацијата е во близина на училиштето и дека новинар на весникот „Фигаро“ ја уверил дека немало заложници.

Весникот „Ле Паризиен“ исто така ги отфрла тврдењата на интернет за заложничка криза во училиштето. Според она што го пишуваат медиумите, „лудак“ е опкружен од специјалците.

Наводно, еден лудак повлекол во домот и се заканувал со пиштол кон полицијата. Полицијата дошла по него поради „непочитување на судска заштита“.

Елитната единица на националната полиција беа распоредени во оваа област, во близина на едно училиште. Полициски извори ни велат дека, спротивно на информациите што во моментов циркулираат на социјалните мрежи не станува збор за заложничка криза. Локацијата на интервенција е веднаш до училиштето. А во моментов во тек се преговори со француските анти-терористички единици, пишува францускиот портал „Метро Њуз“.

Најчитани вести