Паркирал непрописно, па претепал полицаец

Во Скопје на бул.„Крсте Мисирков“ поради непрописно паркирање, при обид да биде подигнато возило “мерцедес“ со скопски регистарски ознаки настанала вербална расправија.

Во расправата учествувале униформиран полициски службеник Р.С.(29) и И.С.(31) од с.Елово, по што И.С. физички го нападнал полицаецот удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото.

Лицата се приведени Полициската станица Бит Пазар, против истите по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.