Паркирал пред аптека, па му го украле „мерцедесот“

Скопјанец останале без својот „мерцедес“ откако му го украле од пред аптеката пред која се паркирал, информираше МВР.

Според полицијата, кражбата се случила два часа по полноќ на булаварот Партизански одреди.

Скопјанецот О.А.(36) застанал со својот автомобил „Мерцедес Ц 200“ за да влезе во аптека и го оставил возилото со клучот во возилото. За несреќа на возачот, во близина се нашол крадецот кој го забележал невниманието на О.А.и веднаш реагирал.

Тој влегол во автомобилот, го стартувал и избегал во непознат правец. Полицијата работи на расчистување на случајот.