Парламентарни избори во Египет

Парламентарни избори во Египет
Парламентарни избори во Египет

Во Егиепет денеска има парламентарни избори, на кои се очекува да биде избрано мнозинство кое цврсто ќе го поддржи шефот на државата Абдел Фатах ал Сиси, пренесува МИА.

Долго одложуваните парламентарни избори ќе се одржат во две фази, во периодот од вчера, 17 октомври, кога почнаа да гласаат Египќаните во странство, и 2 декември.

Во првата фаза, која се одржува денеска и утре, право на глас имаат повеќе од 27 милиони граѓани во 14 од вкупно 27 египетски провинции.

Аналитичарите сметаат дека повеќето од околу 5.000 кандидати го поддржуваат Сиси и се очекува тие да освојат значајно мнозинство во новиот состав на 596-члениот Парламент на Египет.