Парламентарни избори во Северна Кореја

Во Северна Кореја денеска се одржуваат парламентарни избори на кои во секоја изборна единица постои само по еден кандидат. Парламентот на оваа земја заседава до двапати годишно за да се изгласа буџетот и потврди одлука на Работничката партија.

Првпат од доаѓањеот на власт на Ким Јонг Ун во Северна Кореја се одржуваат парламентарни избори. Во секоја од 687 изборни единици има само еден кандидат така што севернокорејските гласачи на ливчињата треба да заокружат само „да“ или „не“.

Се очекува излезноста да биде голема, а причина за тоа е фактот дека на изборите во 2009 година излегле 99,98 отсто од гласачите. Кандидатите тогаш добиле 100 отсто поддршка.