Парламентарни избори во Шветска

Парламентарни избори денес се одржуваат во Шведска, на кои според анкетите најголема шанса за победа има опозициската Социјалдемократска работничка партија (САП), чиј лидер Стефан Лоефвен е најсериозен кандидат за нов шведски премиер.

Според анкетите, САП може да се надева на нешто над 29 отсто од гласовите, што иако би и донело убедлива победа, би било еден од најслабите резултати на партијата која доминира на шведската политичка сцена по Втората светска војна.

На второто место, според анкетите, ќе се пласира конзервативната Умерена коалициска партија (МСП) на актуелниот шведски премиер Фредрик Рајнфелт, која може да се надева на околу 20 проценти од гласовите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.