Парламентарното малцинство не смее да ја киднапира иднината на граѓаните

Ниту едно блокирање на демократските процеси, ниту едно беспотребно меѓусебно реплицирање од страна на парламентарното малцинство нема да ги спречи промените и да ја киднапира иднината на државата за која гласаа мнозинството граѓани, посочуваат од СДСМ.

Во продолжение соопштението од СДСМ:

Стечајните работници денеска ќе имаа решен статус и пристојни примања, доколку Груевски и неговите соработници на најдрзок начин не ја кочеа работата на Собранието.

Останатите граѓани и денеска ќе користат скапа струја и ќе плаќаат радиодифузна такса бидеќи малцинството во парламентот исплашено од соочување со одговорноста, ја погазува мнозинската волја.

Околу 700 илјади граѓани избраа нова Влада промени, правда, еднаквост и живот за сите и ниту еден очаен обид на Груевски и соработниците тоа не може да го спречи. Македонија ќе добие нова реформска влада на граѓаните предводена од СДСМ за која има широка и недвосмислена поддршка.