Парламентарното собрание на НАТО ја прекинува соработката со Русија

Парламентарното собрание на НАТО на вчерашното заседание во Рига донесе одлука да ја прекине соработката со парламентот на Русија, соопштил денеска претседателот на Парламентарното собрание, Хју Бејли.

Одлуката за прекин на дијалогот со рускиот парламент е донесена поради случувањата во Украина и позицијата на Државната дума по тоа прашање, пренесува „Гласот на Русија“.

„Учество на претставници на Русија на работата на Парламентарното собрани на НАТО е забрането се’ додека не се промени ситуациајта во Украина. Целокупната формална соработка се прекинува“, изјавил шефот на летонската делегација во Парламентарното собрание, Ојарс Калнинс.