Парламентот изгласа 3 месечна вонредна состојба во Турција

Турскиот Парламент одобри воведување вонредна состојба во државата. Пратениците го поддржаа барањето со 346 гласа „за“ и 115 „против“.

Вонредната состојба, како што претходно изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе трае три месеци.

Тој истакна дека оваа одлука е согласно Уставот и наведе дека целта е брзо и ефикасно да се преземат мерки против приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Ердоган  изјави дека Европејците немаат право да ја критикуваат одлуката на Турција за воведување вонредна состојба.