Свет

Парламентот изгласа смена на Јанукович, Тимошенко на слобода

Парламентот изгласа смена на Јанукович, Тимошенко на слобода

Виктор Јанукович го напушти Киев, претседателската палата е потполно празна. Парламентот изгласа негова смена, и нови претседателски избори се закажани за на 25 мај.Пред тоа е изгласан закон со кој Јулија Тимошенко е слободна и се враќа уставот од 2004 година.Неофицијалните информации говорат дека Владата најавува повлекување. Јанукович вели дека нема намера да се повлече.

Тој се обидел со авион да отпатува во Рисја, но граничната полиција го спречила во таа намера.

Поранешната премиерка Јулија Тимошенко соопшти дека ќе се кандидира за претседател на претстојните избори.

Таа беше денеска ослободена и изведена беше од болницата во која се лекуваше под стража во градот Харков на североистокот на земјата.