Парламентот на Италија изгласа доверба на Владата

Италијанскиот Сенат гласаше задоверба на Владата на Енрико Лета со 173 гласа „за“ и 127 гласа „против“, откако малку претходно премиерот ја доби довербата и од Домот на пратениците.

Лета вети дека ќе ја спаси земјата, осудувајќи го антиевропскиот популизам. Пред пратениците, тој изјавил дека нема да дозволи Италија повторно да потоне.

Лета бил советуван да побара парламентарната процедура од претседателот Џорџо Наполитано, откако конзервативците на Силвио Берлускони ја напуштија владејачката коалиција. Тој ја презеде функцијата во април, но неговиот кабинет не успеа да постигне многу, главно поради внатрешните несогласувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.