Парнаџиева: ФЗОМ реализира 7 од 33 проекти во првите 100 дена

Во првите 100 дена од формирањето на Владата, преку Фондот за здравствено осигурување од вкупно 33 проекти што треба да се реализираат во следните 4 години, веќе реализирани се 7 проекти, а за сите останати започнати се подготовките и нивната имплементација ќе тече согласно ветеното, истакна на денешната прес-конференција директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

Еден од главните фокуси во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е здравството. Целта е обезбедување на значително поквалитетна здравствена услуга за сите граѓани.

Заложбата, посветеност и трудољубивост на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е секојдневно ставена на увид на јавноста. Навремено информираме за сите активности, промени и стaтус на проектите кои ги предвидовме во програмата за здравство.

Активно работиме да придонесеме за подобро здравје на граѓаните, сите ние да имаме поквалитетна здравствена заштита, да бидеме свесни дека е подобро превенција наместо лекување. Кога има потреба од лекување, сакаме да овозможиме најквалитетна здравствена услуга, со најмодерна апаратура, со високо квалификуван и задоволен кадар, во достоинствени и репрезентативни здравствени објекти.

Во овие 100 дена, паралелно работиме и на нашите тековни обврски и ги реализиравме проектите кои ги ветивме.

Зборувам за проекти кои се огромно олеснувања за осигурениците, а се резултат на соработката со здруженијата на пациенти, со здравствените работници, и се должат на слухот и разбирањето во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во првите 100 дена од формирањето на Владата, преку Фондот за здравствено осигурување од вкупно 33 проекти што треба да се реализираат во следните 4 години, веќе реализирани се 7 проекти, а за сите останати започнати се подготовките и нивната имплементација ќе тече согласно ветеното.

Дополнително на тоа, се реализираа и уште 4 проекти кои не беа ветени, но се за доброто на сите граѓани.

По барање на лицата со ретки болести, овозможивме соодветната храна наменета за тие лица , да е на товар на ФЗОМ, заштедувајќи им значителни финанансиски средства кои до скоро ги трошеле од својот буџет.

За осигурениците кои имаат тешки заболувања како мултиплекс склероза, ревматоиден артрит, онколошките заболувања кај деца, овозможивме медицинска рехабилитација на товар на Фондот.

Автоматски ги пријавуваме и одјавуваме осигурениците вработени во фирми (и нивните фамилии), благодарение на законски измени и електронско поврзување меѓу ФЗОМ и АВРМ, или неделно им заштедуваме на фирмите 10.000 доаѓања во Фондот.

Организираме редовни едукативни средби со пензионерите низ цела Македонија, со цел правата на осигурениците да им ги доближиме на највозрасните (досега спроведовме 12 работилници, а ќе одиме во секој град).

ВМРО-ДПМНЕ е насочен кон интересите граѓаните, еден од проектите – поблиску до граѓаните, значи постојано отварање на истурени шалтери на ФЗОМ во сите општини во Скопје, а во 100-те дена отворивме во Дојран, во Кривогаштани, Демир Капија и Богданци.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за својот народ и преку проектот за рационално користење на антибиотици, особено работиме на намалување на непотребното користење на антибиотици. Владата е активен учесник во сите актвности и напори за подигање на свеста за рационална употреба на антибиотици и е партнер на Светската здравствена организација (СЗО), во борбата за здрава нација и здраво поколние.

Исто така Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не заборава и на ранливите групи на граѓани, преку проектот Фондот се грижи за хендикепираните лица, веќе во оваа институција работат 5 лица со цел да се добрлижиме до маките на оваа група осигуреници.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ не вети, но особено посветува внимание на превенцијата. Искуството постојано го потврдува правилото дека подобро е да се спречи, отколку да се лечи. Превеницијата резултира со здрава нација, која е еден од врвнните приоритети на секоја Влада. На здравството веќе не сакаме и не смееме да гледаме само како на потрошувач, туку пред се, како на контрибутор за создавање подобра економија и благосостојба на населението.

За прв пат се воведе примарна превенција, рано откривање – скрининг на здравата популација и секундарна превенција – квалитетно следење на хроничните болни. Матичните лекари ги канат своите осигуреници да направат превентивни прегледи за трите најчести незаразни заболувања: кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и бубрежни заболувања. Наскоро, за прв пат, ќе се објават и првите податоци и статистика за здравјето на нашата нација, и како да делуваме.

Дополнително се реализира и електронско набавување на извод за новороденчиња, дониран мебел за најголемите болници и родителски дом за родителите чии дечиња боледуваат од леукемија.

Во блиска иднина планираме да ги реазлизираме и следните исклучително важни и ветени проекти:

-Со цел комплетно истиснување од потребата да се дојде во подрачните служби на Фондот, се`ќе биде овозможено да се завршува електронски.

-набрзо планираме да го промениме и механизмот за задолжителната пререгистрација на лицата со ниски примања во Фондот, преку службена комуникација меѓу институциите, укинувајќи го задолжителното доаѓање на граѓанинот.

-планираме нови лекови на рецепт достапни за пациентите, крај на дискриминацијата на нашите иселеници уште од времето на социјализмот.

Сакаме да направиме поефикасен, административно поедноставен здравствен систем, систем кој е наменет за нас и за нашите деца.