Парнарџиева-Змејкова имаше презентација на Форумот во Тирана

Над 30 електронски услуги денеска им се достапни на осигурениците, фирмите и на давателите на здравствени услуги. Едноставната и брза достава и размена на податоци, 24 часовна достапност до веб порталот на Фондот, намалување на хартиените документи, ефикасни и навремени услуги, унифицирана контрола на сите податоци на Фондот, намалување на грешките на минимум, точна анализа врз основа на прецизни податоци за лекови, здравствени услгуги се причината зошто е-здравството помага Фондот да биде ефикасна институција со задоволни клиенти, но и препознаена како лидер во регионот.

Ова го истакна директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова во своето излагање на тема Е-здравство е тема, на 8-иот Балкански форум на јавно здравствено осигурување, што се одржува од 25-26 септември 2014 година во Тирана, Албанија.

Како што истакна Парнарџиева-Змејкова, е-здравството овозможи поефикасно процесирање на услугите, побрзо комплетирање на барањата, што резултира со задоволни осигуреници и клинети, што за Фондот претставува репер за современ и ефикасен систем. Предавањето на Парнарџиева-Змејкова предизвика огромен интерес меѓу учесниците на овој стручен собир, дотолку повеќе што ФЗОМ ужива репутација на лидер во сферата на е-здравството во регионот.

На Форумот своите искуства ги и презентираа директорите на фондовите за здравство од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Хрватска, Република Српска. Размената на искуствата во решавање на секојдневните предизвици што се јавуваат при менаџирање со здравствената каса, идеите за подобрување на здравствените услуги, како и можните решенија за обезбедување поквалитетни здравствени услуги, со ограничени финансиски средства, се темите кои исто така се најдоа во фокусот на дискусиите, на менаџерите на 8-от Балкански форум.