Македонија

Парнарџиева Змејкова на работилница заедно со членовите на тетовското здружение на пензионери

Парнарџиева Змејкова на работилница заедно со членовите на тетовското здружение на пензионери

Околу 2.600 пензионери од Тетово и Гостивар се уште немаат поднесено барање за добивање електронска здравствена картичка, информираше директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнарџиева Змејкова која денеска во Тетово одржа работилница со раководството и членовите на тетовското здружение на пензионери.

Таа апелираше до сите пензионери кои се уште не поднеле вакво барање тоа да го сторат во следниот период, а ФЗО до крајот на јуни ќе ја заврши целата процедура и ќе им бидат издадени картички.

– Иако на државно ниво над 80 отсто од граѓаните веќе ја користат електронската здрваствена картичка во Тетово оваа бројка изнесува само околу 40 отсто, а во нашите служби тука се уште имаме неподигнати картички. Според нашите податоци и околу 1.500 граѓани од Тетовско што примаат плата немаат поднесено барањеза електронска здравствена картичка, изјави Парнарџиева Змејкова.

Во однос на работилницата со тетовските пензионери таа информираше дека станував збор за редовна планирана активност на вработените во Фондот низ градовите во државата да се сретнат со пензионерите и да ги слушнат нивните мислења, проблеми и евентуалните предлози за нивно разрешување.

– Преку овие средби сакаме да ги информраме пензионерите како да ги остварат што побрзо и полесно правата од здравствено осигурување, можностите за рехебилитација, бањското лекување како продолжена рехабилитација, рефундирањето на трошоците за лекување и лекови и слично, а доктори од Фондот ќе одржат и предавања за трите најчести хронични заболувања кај оваа популација – кардиоваскуларните заболувања, бубрежната слабост и дијабетесот, можностите за превенција и какви редовни прегледи да се вршат, рече Парнарџиева Змејкова.

Денешната средба на претставниците на Фондот за здравствено осигурување со тетовските пензионери е осма ваква активност реализирана годинава во соработка со Сојузот на пензионери на Македонија. До крајот на годинава ќе има вкупно 15 слични работилници, а за следната година од Фондот најавуваат дека ќе бида реализирани околу 30 средби со пензионерите низ целата држава.