Парнарџиева-Змејкова на средба со стоматолизите

Актуелните состојби во сферата на стоматологијата, бројот на матични стомаотлози и договори со приватните здравствени установи – стоматолошки ординаци, како и буџетот на ФЗОМ за стоматолозите и методогологијата по која истиот се распоределува, беа тема на првата официјална средба на новото раководство на Стоматолошката комора на Македонија, на чело со претседатeлот, проф.др. Владимир Поповски со директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова.

На средбата, Парнарџиева-Змејкова го истакна своето задоволство од фактот дека секоја година се зголемува бројот на договори, што Фондот ги склучува со стоматолозите, што е од огромно значење за осигурениците и што на ниво на држава го подигнува нивото на стоматолошка здравствена заштита.

DSC04626

На средбата стана збор и за следните мерки кои може да се преземат во насока на превенција и промоција на оралното здравје во Македонија, со особен осврт на потребата да се зголеми свеста од важноста на оралното здравје, посебно кај младата популација.

Првата официјална среба на Стоматолшката комора и Фондот, според новоименуваниот претседатeл проф.др. Владимир Поповски, претставува симбол на продлабочување на соработката, со цел на партнерски начин да се изнаоѓаат заеднички решенија за предизвиците со кои што се соочуваат стоматолозите, кои не се во мал број во Македонија.
Претседателот Поповски на средбата со тимот на директорката Парнарџиева-Змејкова, информираше за активностите на кои Комората во моментов е фокусирана, како што е новиот Статут на Комората и правилниците важни за работата на еснафската организација.