Партиите да не ги мешат банките во нивните политички битки

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов денеска преку соопштение апелираше политичките партии да не ги мешаат банките во нивните политички битки.

– Политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија. Имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок врз банките може да има катастрофални последици врз нивната перцепција за деловниот амбиент во Македонија  и нивните идни планови. Деловните банки имаат целосна слобода и право самите да одлучат каде ќе ги пласираат своите ликвидни средства согласно со својата деловна политика, вели гувернерот Богов во писмената изјава.

По одлуката на ДИК да го отфрли ветото на СДСМ за задолжувањето на Владата, Заев ги повика банките „да се водат од државниот интерес и од интересот на граѓаните на Република Македонија“.

„Како најголеми доверители банките мораат да имаат во предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер  за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг“, рече Заев.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.