среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 51

Партиите имаат рок од 48 часа да го отстранат неправилностите на листите

Државната изборна комисија синоќа ги прифати кандидатските листи за претстојните парламентарни избори, а на дел од коалициите и партиите им даде рок од 48 часа за да ги отстранат констатираните недостатоци.

листите

Поврзани вести

Дел од недостатоците се однесуваат на достава на трансакциона сметка за изборна кампања, уверение за неосуденост, изјави и копиии од лични карти на кандидатите… Најголемиот број забелешки беа за листата на Социјалдемократската партија на Македонија која достави листа со имиња слични со кандидатите на другите партии.

Жребувањето за редоследот на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори треба да се одржи на 20 ноември.

До утврдениот рок до ДИК доставија кандидатски листи коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи – ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите  ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица, СДПМ и Беса и НДМ.

Кај Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, носител на кандидатската листа во Првата изборна единица е Никола Поповски, во Втората е предложен Никола Тодоров, а во Третата Илија Димовски. Листата на коалицијата во Четвртата изборна единица ја предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, прв на листата во Петтата изборна единица е Антонио Милошоски, во Шестата Влатко Ѓорчев, а во Седмата изборна единица Рамазан Ифтаровски.

Коалицијата на СДСМ во првата ИЕ ја предводи Стево Пендаровски, а во втората ИЕ Оливер Спасовски. Во третата ИЕ носител е Љупчо Николовски, во четвртата претседателот на СДСМ Зоран Заев, петтата Радмила Шеќеринска, а во шестата Петре Шилегов.

Носител на листата на ДУИ во првата ИЕ е Артан Груби, во втората Ејуп Халими, во третата ИЕ Нафи Дурмиши, а во четвртата Артин Спахиу. Во петтата ИЕ прв на листата е Агим Шаќири, во шестата лидерот на партијата Али Ахемти, а во седмата Џевдет Спахиу.

Кај ДПА прв на листата во ИЕ 1 е Идриз Орана, во ИЕ 2 Орхан Ибраими, а Сами Рушити ИЕ 3. Во петата Изборна единица носител е Адриан Хусеини, а претседателот на ДПА Мендух Тачи е прв на листата во шестата изборната единица.

Листата на Коалицијата за промени и правда во првата ИЕ ја предводи претседателот на ДС, Павле Трајанов, а во втората, претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски. Во третата ИЕ прва на листата е Весна Стоименовска од ДС, четвртата Слободан Богоевски, петтата Александар Делов од ФРОДЕМ, а шестата Бранко Мајсторовски од Моро – РП.

Носител на листата на Коалицијата ВМРО за Македонија во првата изборна едница е Ден Дончев, во втората Љупчо Балковски, а во третата претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов. Листата во четвртата ИЕ ја предводи лидерот на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски, во петтата  претседателот на Обединети за Макеоднија, Љубе Бошковски, во шестата Зоран Велковски, а во седмата Стојадин Наумовски.

Од „Левица“ во првата изборна единица носител е Димитар Аспатиев, во втората Трајче Стојанов, а во третата Марија Џонс. Четврата изборна единица ја предводи Митко Николов, а петата Здравко Савевски.

Најчитани вести