петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 0

Партиите ја продолжуваат кампањата со митинзи и средби со граѓани

Изборната кампања почна на 21 ноември и ќе трае 20 дена, до 9 декември на полноќ.

133450768

Последни вести

Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентрани избори на 11 декември, денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинизи и средби со граѓани во повеќе населени места низ Македонија.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во скопските општини Аеродром и Карпош.

Предизборниот караван на СДСМ ќе биде во Гостивар и во Тетово. ДПА ќе одржи митинг во Вруток, Коалицијата за промени и правда ќе има средби со граѓани во Прилеп, а Алијансата за Албанците ќе одржи собир во Ченто.

Изборната кампања почна на 21 ноември и ќе трае 20 дена, до 9 декември на полноќ.

Најчитани вести