Партиите од кои стравува Брисел постигнаа договор за новата влада на Италија

Il Leader della Lega Nord Matte Salvini ospite della trasmissione condotta da Bruno Vespa 'Porta a Porta', Roma, 27 marzo 2018. NASA/ MASSIMO PERCOSSI

Челникот на италијанската десна партија Матео Салвини во неделата објави дека е постигнат договор со Движењето пет ѕвезди (M5S) за состав на новата влада којшто во понеделник ќе му биде претставен на шефот на државата Серџо Матарела.

„Постигнавме договор за челникот и министрите и очекуваме дека никој нема да стави ве на избор кој ја претставува волјата на мнозинството Италијанци“, истакна Салвини, додавајќи само дека премиер нема да биде ниту тој, ниту претседателот на M5S, Луиџи Дио Мајо.

Лигата, поранешната Северна Лига, и на Движењето пет ѕвезди, во петокот го претставија „договорот за владата“ кој ја напушта политиката на штедење и „наредбите“ од Брисел и ветува силна борба против корупцијата, сите видови деликвенција и имиграцијата.

Меѓутоа, мистеријата за идниот премиер може да биде откриена дури во понеделникот попладнето. Двајцата челници во неделата два часа разговараа во Рим, далеку од вниманието на новинарите.

Според италијанските медиуми и двајцата ќе бидат министри. Салвини ќе го преземе министерството за внатрешни работи, а Ди Мајо за труд и економски развој.

Доколку партиските челници не успеаја да формираат ваква влада, којашто речиси сигурно би ја водела непартиска или неполитичка личност, тогаш новото гласање ќе би се одржало наесен, најверојатно во октомври. Според парламентарни извори на агенцијата Ansa, најблиску до Палацио Чиги, седиштето на италијанската влада, најголема шанса за премиерската должност има Џузепе Конте, а како втора опција се споменува Андреа Ровентини, но и двајцата се кандидати за министри од движењето.

Членството на М5Ѕ во петокот беа повикани да гласаат за програмата на идната влада, а 94 отсто од нив ја прифатија. Тоа беше направено преку интернет платформата Rousseau до којашто пристап имаат сите регистрирани гласачи на партијата, повеќе од стотина илјади.

Лигата, пак, своите приврзаници ги повика својот став да го искажат во сабота и во недела на илјадниците штандови поставени ширум Италија.

Италијанската политичка ситуација досега беше во лимбо позиција по речиси израмнетите резултати од изборите на 4-ти март на коишто десниот сојуз предводен од антидоселеничката Лига (поранешната Северна Лига) освои најмногу пратенички мандати, додека антиестаблишмент и евроскептично Движење пет ѕвезди, како и на претходните избори, повторно беше најсилната поединечна партија. Левиот центар предводен од Демократската партија која ја водеше претходната влада поддржана од десниот центар доживеа дебакл и падна на третото место според бројот на освоен мандати на сите партии од овој дел од политичкиот спектар.